„Лајка“ во спасувачка мисија: Од водите на Вардар извлечен далматинец

Ветеринарите и заловувачите на ЈП „Лајка“ викендов извршиле несекојдневна спасувачка мисија, откако било пријавено и лоцирано куче од расата далматинец паднато во Вардар.
Како што информираат од „Лајка“ кучето било уплашено, исцрпено и во целосно безизлезна ситуација, но благодарение на брзата и успешна интервенција, кучето било извлечено на брегот и е згрижено во прифатилиштето, сѐ до пронаоѓањето на сопствениците.

Некогаш е прашање на миг дали животното ќе загине или преживее. Во различни околности, доаѓа до различни завршници, затоа јавно упатуваме апел до сите сопственици на миленици секогаш да внимаваат на своите кучиња, да не ги пуштаат да шетаат без контрола и бидат пример за одговорно сопствеништво – апелираат од „Лајка“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во тек е акција на МВР: Се…
МВР рано утринава прави претрес на повеќе…
Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…
На јавноста ѝ е познато кои двајца…
Под истрага 18 членови на „Беланоца –…
ОЈО ГОКК сподели детали за вчеашната акција…
Голема акција за апсење во Краљево, буџетот…
Во Краљево денеска се уапсени 15 лица,…
„Лајка“ во спасувачка мисија: Од водите на…
Ветеринарите и заловувачите на ЈП „Лајка“ викендов…