„Лајка“ ги заловува кучињата кои се појавија во Карпош
По огромниот револт на јавноста по социјалните мрежи откако се прошири информацијата дека чопор кучиња одеднаш се појавиле во Карпош, од ЈП „Лајка“ изјавија дека од изутрина екипи на претпријатието излегле на терен и започнале да ги заловуваат уличните животни од оваа локација.
„Викендов, граѓаните алармираа за појава на многубројна глутница кучиња без ушни маркици на територијата на Општина Карпош. ЈП „Лајка“ ја известува јавноста дека нашите екипи од утрово се на терен на посочената локација, со цел безбедно и хумано заловување на кучињата, согласно законските процедури и стандардите за благосостојба на животните“, велат од претпријатието.
Од „Лајка“ истакнаа дека од локацијата спроти „Сити мол“ каде одеднаш се појавија десетици улични кучиња, во текот на изминатите два месеци биле уловени дури 19 кучиња, со што се потврдуваат ставовите на карпошани и „Анима Мунди“ дека овие кучиња се „нови“ и донесени од некоја друга локација.
„Само во изминатите два месеци, од истата локација се заловени вкупно 19 кучиња. И покрај тоа, континуирано се соочуваме со појава на нови кучиња на истата територија, што укажува на сериозен сомнеж дека одредени лица или субјекти организирано вршат дислокација на бездомни кучиња во Скопје, наместо да преземат законски и хумани мерки за нивен третман во општините од каде потекнуваат. Оваа пракса е недозволива, нехумана и опасна – како за самите животни, кои се изложени на стрес, глад и повреди, така и за граѓаните, поради ризикот по јавната безбедност“, изјавија од претпријатието.
Истовремено, од „Лајка“ велат дека активното собирање и нелегално дислоцирање на кучиња на различни локации директно го саботира системот за контрола на популацијата на бездомни животни и, како што велат, ги обесмислува напорите за стерилизација и вакцинација на претпријатието.
(Фото) Глутница кучиња кај Сити Мол – Граѓаните алармираат на социјалните мрежи не се движете тука!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Лајка“ ги заловува кучињата кои се појавија…
По огромниот револт на јавноста по социјалните…
Анима Мунди: Глутници кучиња од Албанија преку…
Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…
(Видео) На еден или друг начин, Гренланд…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Делови од Илинден и од Карпош денеска…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…
Без струја делови од Гази Баба и…
Регионалниот центар за управување со кризи на…