Објавено на:

Лајчак и Ескобар од НАТО: Стабилноста на Западен Балкан е важна за цела Европа

t

Претставникот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар и специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак денеска го посетија седиштето на НАТО.
Во објавата на Фејсбук профилот на американската мисија во Западната алијанса, заедно со заедничката фотографија со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчео Џоан, се наведува дека САД, НАТО и ЕУ се посветени на соработката со Србија и Косово во изнаоѓање решение.

„Мирот и стабилноста на Западен Балкан се важни за сите Европејци. САД, нашите сојузници во НАТО и ЕУ се посветени на соработка со Србија и Косово за изнаоѓање решенија и постигнување напредок во интерес на стабилноста, безбедноста и благосостојбата на сите заедници“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…

Привремената косовска влада објави дека изборот на…

Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…

Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…

Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…