ЛДП: Даку треба да се извини за националистички скандирања, насочени против македонската држава!
Во спортот и во фудбалот секогаш е потребна почит, затоа велиме „Не“ за секој вид дискриминација, напад и расизам“, се вели во реакцијата на Либерално демократската партија која ги осудува националистичките скандирања и навреди на репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Даку насочени против Македонците по завршувањето на вчерашниот натпревар помеѓу Хрватска и Албанија на Европското фудбалско првенство во Германија – ЕУРО 2024.
-Како Либерално-демократска партија постојано се залагаме за покренување на свеста за борбата против национализмот и насилството, како и против дискриминација од кој било вид, особено во спортот. Дури и платформата на УЕФА се однесува за почитување на играта во сите нејзини сегменти. А фудбалерот Даку треба да се извини за националистички скандирања, насочени против македонската држава, велат од ЛДП.
Имено, по натпреварот во кој репрезентацијата на Албанија со гол во судиското продолжение успеа да извлече бод играјќи нерешено против Хрватите (2 : 2), Даку зеде мегафон од навивачите и заедно со публиката скандираше пцости кон Македонците и Србите.
На видеата објавени на социјалната платформа Икс може да се види како репрезентативецот на Албанија преку мегафонот извикува пцовка кон Македонците, по што навивачите продолжуваат со скандирање на навредите, реагираат од ЛДП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…