ЛДП ќе се поддржува со ГРОМ на изборите во Скопје

t

Поранешниот министер за локална самоуправа и поранешен градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, заедно со докторот Никола Пановски ќе бидат на чело на листата на советници на изборите во Градот Скопје. Тоа го изјави Пенов во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77 во саботата.

Според зборовите на Пенов, ЛДП ќе излезе сама на изборите во Скопје, но ќе биде во соработка со ГРОМ на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски. Тој вели дека имало мала комуникација со долгогодишниот коалициски партнер, СДСМ, за настапот на локалните избори.

Пред четири години ЛДП, исто така, настапи одделно од СДСМ, но тогаш беше во изборна коалиција со ДОМ. На повеќе места кандидатите за градоначалници на ЛДП (како Скопје и Битола) освоија значителен број гласови што придонесе за поразите на сдсмовските кандидати.

Пенов рече дека со ГРОМ меѓусебно ќе ги поддржуваат кандидатите на двете партии за градоначалници, но дека деталите уште не се знаат. ЛДП засега нема кандидат за градоначалник на Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЛДП ќе се поддржува со ГРОМ на…

Поранешниот министер за локална самоуправа и поранешен…

Трамп со закана до Хамас: „Последна опомена…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека упатил…

Се огласија сопствениците на Винчини: Ќе ја…

Официјална изјава на Макпрогрес доо Виница Во…

Се огласи еден од уставобранителите: Не ви…

Сви што се закануете сс много работе…

Зеленски: Путин го тестира светот

„Важно е што денеска видовме широк одговор…