Лебот поскапува за пет денари – Нови цени и за белите печива

t

Поголем дел од пекарниците во Штип вчера ги зголемија цените на лебот за 5 денари и место 25 се продава по цена за 30 денари. Од денеска цените ќе ги зголемат и останатите пекарници во Штип, а ги има десетина. Нови цени најавиле и пекарниците од соседните градови Пробиштип, Кочани и Виница кои пласираат леб во Штип. Продавачите добиле упатства да ги информираат потрошувачите дека веќе имаат нови цени на лебот.

До 28 февруари важеше владината одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти, а од вчера до 31 мај стапува во сила нова владина мерка за справување со инфлацијата, а тоа е ограничување на маржите на трговците. Владата одлучи да воведе највисока трговска маржа до 5 отсто на продажната цена на големо и на 10 отсто од продажната цена во трговијата на мало на основните прехранбени производи.

„Многу не се изненадивме кога ни се извинија и лебот ни го наплатија по новата цена од 30 денари. По одмрзнувањето на цените на основните прехранбени производи друго што може да се очекува. Нови цени, а тежината останува иста, 450 грама што значи дека леб од еден килограм се продава по 65 денари“, велат граѓаните кои редовно купуваат леб во една пекарница.

Пекарниците најавуваат и нови цени на белите печива. Бурекот, на пример, пред неколку месеци во сите пекарници во Штип од 35 и 40 денари поскапе на 50 денари, но сега се очекувада чини најмалку по 60 денари. Нови цени ќе имаат и белите печива во кеси од 1 килограм кои сега се продаваат по 120-130 денари.

Вчера и денеска штипските маркети ги потрошија залихите со масло за јадење па на рафтовите остана само зејтинот во амбалажа од 4-5 литри. Вработените велат дека очекуваат во наредните денови да добијат нови пратки во сите амбалажи, но не знаат по која цена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пад на цените на нафтата на…

Цените на нафтата паднаа под 76 долари…

Херојски е спасен штипскиот пожарникар Александар од…

Штипскиот хуманитарец и пожарникарот Александар Горгиевски вчера…

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

(Видео) Ангелов го посети повредениот командир на…

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов го посети…

Осудените за 27 април Чавков, Ченто и…

Од штипскиот Затвор денеска се пуштени на…