Левица: Анти-работничката власт, предводена од Мицкоски ги укина надоместоците на плата до избори
Анти-работничката власт, предводена од Мицкоски, деновиве во сите државни институции истакна скандалозно соопштение дека на работниците нема да им се исплатуваат додатоци и надоместоци од плата, поради изборниот процес за локалните избори, реагираат од опозициската партија Левица во објава на социјалните мрежи.
– Ова значи дека работниците во јавниот сектор нема да добијат додатоци и надоместоци за плата, кои се однесуваат на работа за празник, ноќна работа, работа во недела, прекувремена работа итн. На работниците во јавниот сектор им е ускратено и правото за надоместоци на плата како јубилејни награди, за починат член на семејство, теренска работа и слично.
Расипничката власт на ДПМНЕ до крајот на локалните изборите воопшто нема да ги исплатува овие додатоци и надоместоци на плата, додека истовремено троши милионски суми за службени возила, луксузни патувања на функционерите и тендери на фирми блиски до ДПМНЕ. Очигледно е дека овие средства, дрско украдени од работниците, ќе завршат за предизборната кампања на власта која тоне политички со својот рејтинг.
Работниците, на кои законски им следуваат овие надоместоци, ќе останат со помалку средства на својата сметка само затоа што владата, преку министерката Гордана Кочоска Димитриеска, донела неуставна и незаконска одлука! Согласно позитивните законски прописи, работничките права предвидени со закон и колективен договор не можат никако да се ограничат со акт на работодавецот. До Левица стигнаа голем број поплаки од работници, кои добиле одговор дека сите исплати на плата ќе бидат прекинати до завршување на изборите.
Редно е министерката Кочоска да ја надмине својата анти-работничка ароганција и додека мери колку литри млеко испиле работниците, да ја повлече оваа незаконска и скандалозна одлука и да не организира избори на грбот на работниците! – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Анти-работничката власт, предводена од Мицкоски ги…
Анти-работничката власт, предводена од Мицкоски, деновиве во…
Мојсоска: Пакетот закон за млади е последен…
На денешната собраниска седница, пратеничката од Левица Јована Мојсоска…
Не се изгласа пакетот закони поднесен од…
Власта е глува пред крикот на младите…
Лажните оправдувања на ДПМНЕ за Вардариште се…
Лажните оправдувања на ДПМНЕ за Вардариште се…
Пакетот мерки за млади поднесен од Левица…
Утре пред пратениците ќе се најде обемен…