Левица: Апасиев на воената парада на Црвениот плоштад во Москва
На официјална покана од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација и Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), денес, по повод јубилејните 80 години од победата над фашизмот – пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, присуствуваше на големата воена парада на Црвениот плоштад во Москва, објави политичката партија Левица на Фејсбук.
– Македонија, како дел од антифашистичката коалиција во Втората светска војна, даде голем придонес преку Народноослободителната борба, во која илјадници борци ги положија своите животи за слобода. Денес, кога се одбележуваат 80 години од Големата победа, наша должност е да се сеќаваме, да почитуваме и да продолжиме да се бориме против сите форми на неофашизам и ревизионизам, во духот на вистинскиот македонски антифашизам.
Со оваа посета, Левица ја потврдува својата антифашистичка ориентација и историска поврзаност со борбата на народите против окупацијата, теророт и тиранските режими.
Слава им на хероите!
#СмртНаФашизмотСлободаНаНародот – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…
Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…
Благодарение на силниот и истраен притисок од…