Левица: Архиварката која ги заглавуваше предметите во ДКСК сега е протната во комисијата за заштита на конкуренција иако не била прворангирана
Архиварката која по налог на Цвета и ДПМНЕ ги заглавуваше предметите, сега е протната во комисијата за заштита на конкуренција иако не била прворангирана, велат од Левица.
– АРХИВАРКАТА КОЈА ПО НАЛОГ НА ЕКС-“АНТИКОРУПЦИОНЕРКАТА” ЦВЕТА И ДПМНЕ ГИ ЗАГЛАВУВАШЕ ПРЕДМЕТИТЕ – СЕГА ПРОТНАТА ВО КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА, ИАКО НЕ БИЛА ПРВОРАНГИРАНА
Откако ја разобличивме мрежата во Државната комисија за спречување на корупцијата и со факти ја принудивме на оставка “антикорупционерката” Цвета Ристовска, наместо расчистување на одговорноста и демонтажа на воспоставените механизми за влијание, сведочиме на класично прегрупирање на кадрите во рамки на истиот систем.
Лицето Татјана НАЌЕВА, кое беше посочено во нашето прво соопштение од серијалот за ДКСК, како дел од механизмот за филтрирање и контрола на предметите во ДКСК преку нејзината архива, иако по нашата реакција на истата не и беше продолжен договорот за дело, уште веднаш ДПМНЕ ја прераспоредели во друга институција.
Станува збор за нејзино вработување во Комисијата за заштита на конкуренцијата, на позиција помлад соработник во Одделението за оценка на концентрации. Претседател на оваа институција е Никола Трајчевски, секако, активен и истакнат член на ДПМНЕ, личен пријател на директорот на АНБ, Бојан Хеистовски, чија фалсификувана диплома беше аминувана од Цвета Ристовска.
Постапката за избор јасно укажува на нерегуларности. Во првата и втората фаза од огласот, Наќева има приближно 14 бодови помалку од прворангираниот кандидат. Во завршната фаза (интервјуто), бодовите ѝ се зголемени и се избира кандидат кој објективно не бил најквалификуван.
Дополнително, нивото на несериозност и институционална дрскост, трагикомично, оди дотаму што во официјалното решение лицето е наведено со својот прекар – „Тања“.
Овој случај ја потврдува претходната констатација на Левица – ангажманот на Наќева во ДКСК не бил случаен, ниту административно оправдан. Позиционирањето во архивата, и покрај постоечка кадровска екипираност, овозможило директен увид и влијание врз текот на предметите. Преку ваков канал, се овозможувало селектирање, одложување и контролирање на постапки поврзани со лица блиски до власта.
Наместо санкционирање на ваквите практики, сведочиме на нивна институционална миграција. Кадар кој бил дел од сомнителен механизам за влијание во антикорупциско тело, денес се позиционира во орган што одлучува за концентрации и економска моќ. Тоа укажува на постоење на конзистентна шема, т.е. дека кадрите не се отстрануваат, туку се ротираат.
Мрежата која ја разобличивме не функционира изолирано. Таа се потпира на поврзани структури – институции, партиски кругови и приватни т.н. универзитети, кои овозможуваат континуитет на влијанието без оглед на јавните скандали. – објавија од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Архиварката која ги заглавуваше предметите во…
Архиварката која по налог на Цвета и…
ГАК: Имаше кус прекин на струја, но…
Клиниката за Гинекологија и акушерство испрати реакција…
Левица: Спрегата помеѓу власта и олигархијата ги…
Спрегата помеѓу власта и олигархијата ги остави…
Левица: Дали инкубаторите на ГАК престанале да…
До Левица стигна дојава дека во петокот…
Левица: Владата ја загрозува куповната моќ, се…
Владата ја загрозува куповната моќ, се движиме…