Левица бара итно разрешување на Шаќири и Хасапи, дале незаконски насоки за реализација на наставата

t

Политичката партија Левица бара итно разрешување на министерот за образование, Јетон Шаќири и директорот на Бирото за развој на образование, Зекирија Хасапи.

-Неодамна, Бирото за развој на образование на својата веб страна објави насоки за реализација на наставата од прво до шесто одделение, по новиот скандалозен концепт, и истите ги достави до училиштата. За работите да бидат дополнително усложнети, насоките од БРО се СУДИРААТ и косат со важечките законски прописи од Законот за основно образование и Законот за учебници.

Насока која се коси со важечките законски прописи е минималниот пропишан неделен фонд на часови кај модуларните наставни предмети (15 односно 16 часа)! Само за споредба, согласно важечките законски прописи, минималниот пропишан неделен фонд на часови изнесува 20 наставни часа.

За најголем дел од новите наставни предмети речиси не постои соодветно квалификуван КАДАР. Учебниците, според споменатите насоки, се прогласени за НЕЗАДОЛЖИТЕЛНИ, што е во спротивност на важечкиот Закон за учебници!

Убедливо најлошиот министер од ДУИ, Јетон Шаќири, во неодамнешно интервју убедуваше дека ќе има учебници на 1 септември и тоа во иста реченица со изјава дека дел учебници само што ја поминале рецензентската комисија, а дел уште немаат поминато рецензентската комисија!

Најмногу загрижува тоа што МОН молчи, односно не се произнесува, а до училиштата ниту нема доставено каков било официјален документ, додека Бирото за развој на образование упатува насоки, кои се спротивни на важечките законски одредби. Очигледно е дека по жестоката реакција на јавноста во врска со Концепција за образование, истата се турка на мала врата.

За катастрофалната состојба во која се наоѓа државното образование, #Левица бара РАЗРЕШУВАЊЕ на министерот Јетон Шаќири и на директорот на БРО – ЗЕКИРИЈА ХАСАПИ! – објавија од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…

Левица бара од министерот за здравство, Арбен…

Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла

Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…

Левица: Слободата на Груби е колективен договор…

Слободата на Груби е колективен договор на…

Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…

ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…