Левица го демантира Вејсели: Работниците во Железници не се на принуден одмор на нивно барање

Левица го демантира директорот на Македонски железници, Вејсели. Од партијата објавија документ со кој докажуваат дека вработените не се на принуден одмор по нивна желба.
– Откако Левица, по добиени информации од работници, објави дека работниците од Македонски Железници се испраќаат на “доброволен” принуден одмор со пониска плата, директорот Вејсели со неоснован демант безобразно манипулираше дека работниците се испраќаат со нивна согласност и барање.
Во прилог, Левица ја објавува одлуката на претпријатието, во која стои дека поради влошена економска ситуација, работниците ќе бидат УПАТУВАНИ на доброволен привремен принуден одмор, при што ќе им биде исплатена плата во висина од 80% од основната плата.
Ниту законската регулатива не познава термин “доброволен” принуден одмор, а тоа што работниците ќе бидат упатувани на принуден одбор од страна на Раководителите, го демантира Вејсели дека тоа е на нивно барање!
Дополнително, пред една недела, беше обзнането дека Директорот за економски и финансиски работи во Македонски железници, ШЕНУР ОСМАНИ, го злоупотребувал службеното возило. Имено, според испратниците, Османи истовремено полнел и бензин и дизел во службеното возило во рок од една минута – што јасно алудира дека со народни пари точел гориво во приватно возило.
Тоа што институциите не постапуваат по овие скандалозни информации, потврдува само дека Македонија е предводена од тоталитарен режим, каде институциите се заробени од криминалната владејачка клика.
Поради штетните и криминални политики од сите власти досега, Македонски железници е едно од најголемите загубари, со долг од над 67 милиони евра – додека директорот од Алтернатива, Мајан Вејсели, ги продолжи ваквите расипнички политики,велар од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Единствено Левица била против неработење на Собранието
Координаторот на пратеничката група на Левица, пратеникот…
Левица: Психијатриската болница Демир Хисат во хорор…
Психијатриската болница во Демир Хисар со години…
Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…
Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…
Левица: Македонија бележи двојно повисока инфлација во…
Македонија бележи двојно повисока инфлација во споредба…
(Видео) Левица предлага зголемување на породилното отсуство…
Левица до Собранието поднесе предлог-закон за зголемување…