Левица го подбра Димовски: Синдикатот треба да ги штити работниците, не да склучува договори на нивна штета!
Политичката партија Левица реагира на молчењето на Дарко Димовски и ССМ за кратењето на правата на вработените во ЈП „Водовод и канализација“ Скопје во време на директорот Душко Весовски.
- УКИНАТИ ПРАВАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА
Поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ за да не го исплати додатокот на платите на вработените го сменил Колективниот договор.
Директорот Душко Весковски и претседателот на СУТКОЗ Дарко Димовски, склучиле спогодба за регрес на годишен одмор за 2016, 2017 и 2018 година во износ од 3 илјади денари иако во Колективниот договор е предвиден повисок износ.
Спогодбата е склучена во 2019 година а треба да важи ретроактивно за трите години наназад – што е спротивно на Уставот!
Освен овој надоместок, директорот и синдикатот се спогодиле да не се исплатува новогодишниот надоместок, како и јубилејната награда за работниците кои ги исполниле условите.
Неспособните директори поради лошото управување не можат да обезбедат средства за исплата на додатоци и надоместоци на плата но, алармантно е синдикатот кој треба да биде заштитник на работниците да склучи спогодба која е на нивна штета.
Вакви спогодби во продолжија да склучуваат и во 2021 и 2022 година, кои синдикатот на чело со Дарко Димовски секој пат сојузнички ги прифаќа и потпишува спогодбите.
Апелираме и реагираме во време на криза да не се намалуваат платите и да се исплатуваат надоместоците! – велат од Левица.
Инфомакс претходно ексклузивно објави дека сопругата на Дарко Димовски, Лила Димовска е вработена во претпријатието и истата во периодот во кој е потпишан и овој договор за кратење на правата на во Водовод била привилегирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ работи на поткопување на синдикалната борба…
Левица апелира за обид на ВМРО-ДПМНЕ да…
(Видео) Сакате евтина работна сила за да…
Лесно е со 160.000 месечна плата да…
Ампева: СРАМ ДА ВИ Е на „синдикатите“…
Срам да им е на „синдикатите“ кои…
(Фото) 1 Мај: Некој протестира, некој чека…
Денес по повод 1 Мај, Денот на…
(Во живо) Работниците скандираат „лопови“ и „апаши“…
- Ова не се работодавачи, ова се…