Левица: Град не се чисти со камери и партиски акции, туку со систем, луѓе и опрема

t

Рокот од 72 часа за кој новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски ветуваше дека ќе го исчисти ѓубрето во Скопје помина, но општината Аеродром се уште е преполна со ѓубре.

Фотографиите се од Општина Аеродром, токму таму каде што Орце се сликаше со камери, ветувајќи дека за 72 часа ќе го исчисти целиот град. – се вели во соопштението на Левица – Град Скопје

Реалноста зборува поинаку:

Скопје е повторно задушено во ѓубре, улиците смрдат, а контејнерите прелеваат. Ова е резултатот од празен маркетинг без систем, од истите тие кои четири години го држеа градот во блокада, а сега глумат „спасители“.

Орце и ВМРО-ДПМНЕ прво ја уништија Градска хигиена со политички блокади, а сега, кога се на власт, се сликаат со метли за да прикријат сопствена неспособност.

Наместо вистински план за чистење, добивме уште една медиумска парада со нула резултати. Град не се чисти со камери и партиски акции, туку со систем, луѓе и опрема. А тој систем тие го растурија – како и јавниот превоз, зеленилото и комуналниот ред. Левица нема да дозволи овој театар да помине незабележано.

Ќе ги држиме одговорни за секоја уличка, секој контејнер и секоја манипулација со граѓаните. Скопје не им треба како сцена за ПР, туку како град што конечно ќе функционира нормално. – додаваат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Град не се чисти со камери…

Рокот од 72 часа за кој новиот…

Прегазен полицаец во Скопје

Утрото на 9-ти ноември во 04:35 часот…

Во Скопје за три месеци впишани преку…

Во периодот април – јуни годинава се…

Прегазен полицаец во Скопје

МВР информира дека утрово во 04:35 часот…

Автомобил покоси паркирани возила и контејнери кај…

Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа кај…