Левица Демир Хисар го исчисти и реставрираше гробот на Јордан Силјанов – Пиперката во селото Велмевци

Локалниот огранок на Левица во Демир Хисар го исчисти и реставрираше споменикот и гробот на војводата Јордан Пиперката во селото Велмевци, објавија од Левица на Фејсбук.
– Вечната негрижа на надлежните институции, ги доведува спомениците на нашите борци до целосен заборав и до нивно уништување од забот на времето. По тој повод, ЛО Левица – Демир Хисар го реставрира споменикот и гробот на демирхисарскиот војводата – Јордан Силјанов – Пиперката во с. Велмевци.

Учесник на Смилевскиот конгрес и на Илинденското востание. На 1 август 1903 година, во Церско Поле, Демирхисарско, паднал во заседа на турската војска, и тука, откако бил ранет, последниот куршум го испукал во себе и не се предал жив во рацете на непријателот!
До гробот на војводата Јордан, почиваат и телата на војводите Кузман Тодороски и Милош Трајкоски од с. Бабино и Ѓорги Бошкоски од с. Црско.

Во продолжение, една негова мисла:
„Нека не се надева ни Србија, ни Бугарија, ни Грција дека една педа земја македонска ќе добие, зашто за нејзиното ослободување ние крвта ќе ја пролеваме, па не ја даваме на друг, туку наша ќе биде“. – Јордан Пиперката. – напишаа од Левица на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Единствено Левица била против неработење на Собранието
Координаторот на пратеничката група на Левица, пратеникот…
Левица: Психијатриската болница Демир Хисат во хорор…
Психијатриската болница во Демир Хисар со години…
Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…
Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…
Левица: Македонија бележи двојно повисока инфлација во…
Македонија бележи двојно повисока инфлација во споредба…
(Видео) Левица предлага зголемување на породилното отсуство…
Левица до Собранието поднесе предлог-закон за зголемување…