Левица е тоа што требаше да биде ВМРО-ДПМНЕ, ОПОЗИЦИЈА! Другите се колаборационисти!

t

Левица е тоа што требаше да биде ВМРО-ДПМНЕ, опозиција, пишува во објава на Фејсбук уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, коментирајќи ги денешните настани во Собранието каде Крмов и Апасиев предизвикаа хаос во пленарната сала.

– Тоа што требаше да биде ВМРО-ДПМНЕ.

Опозиција.

Во моментов, колку и да не се согласувам со идеологијата на левицата, очигледно е дека само оваа опција е вистинска парламентарна опозиција. Другото – ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција не се ништо повеќе од соработници, колаобраицонисти на власта на СДС-ДУИ.

И што е најстрашно, денес се гласа за носење на нов Деловник за работа на Собранието со кој СИТЕ ЗАКОНИ ќе се носат како што досега се носеа со „Европско знаменце“. Или во превод – денес се воведува ДИКТАТУРА, во која пратеник ќе биде безгласна буква, а опозиција нема да постои. И ВМРО-ДПМНЕ тоа го гласа заедно со ДУИ-СДС.

Срамота.

Честитки за дечките од Левица. Штета што ДПМНЕ не го направија ова. – напиша Митовски на Фејсбук.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…

Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…

Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…