Левица за новиот в.д директор на Центар за јавно здравје Штип: Од комуналец до здравствен директор, партиски кадри со лоповска историја

t

Нов в.д директор на Центарот за Јавно Здравје во Штип е Бранко Горгиев. Владата предводена од ДПМНЕ продолжува да преферира партиски пред стручни кадри, реагираат од политичката партија Левица.

– Новиот в.д. директор Горгиев има завршено на Економскиот факултет, а претходно бил вработен во штипското комунално претпријатие „Исар“. И покрај неговата насока во здравствен менаџмент, ова е целосно несоодветно професионално резиме за управител со една од најважните регионални здравствени установи во источниот дел на Македонија!

Горгиев е партиски активист на ДПМНЕ, од каде и низата на партиски мотивирани унапредувања во кариерата! Бранко не е единствениот од лозата Горгиеви кој нанесува штета на државниот систем. Неговиот татко, Илко Горгиев, кој е познат спонзор на ДПМНЕ, со покојниот Амди Бајрам учествувал во кражба на материјал вреден 700 илјади евра од магацините на „Македонка ткаенини“, за што бил осуден и на затворска казна од 7 години и 3 месеци!

На чело на секоја здравствена институција треба да стојат луѓе со докажана стручност и професионален интегритет. Директорите на јавните здравствени установи треба да бидат лица со медицинско образование и искуство во здравствената област, кои можат ефикасно да управуваат со ресурсите, да подобруваат квалитетот на здравствената заштита и да бидат транспарентни во своето работење. Исклучително е важно тие да бидат независни од политички влијанија и да дејствуваат само во интерес на пациентите и јавното здравје, наместо во реализација на тендерите и партиските вработувања! – стои во објавата на Левица на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица за новиот в.д директор на Центар…

Нов в.д директор на Центарот за Јавно…

Хаос во Штип: Масовна тепачка поради недоразбирање…

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Т.(21),…

Левица: Фамозното „тефтерче” со партиски судии повторно…

По СДСМ, и Левица реагираше на изборот…

Левица поднесе кривична против пратеникот Велјановски

Левица поднесе кривична пријава против пратеникот од…

Апасиев: Левица го оспорува Законот за јазиците,…

Левица го оспорува Законот за јазиците, Уставен…