Левица: Кандидатите на ВЛЕН шират шовинистичка реторика додека Мицкоски се грижи само за коалиционите интереси
Скандалозните изјави на кандидатот за градоначалик на Брвеница од ВРЕДИ – Хаќим Рамадани, предизвикуваат етнички тензии и шират национал-шовинизам, во очигледно отсуство на проекти и визија за развој на сопствената општина! – реагираат од политичката партија Левица.
– Рамадани од ВРЕДИ во јавно обраќање од дијаспората наместо да говори за проекти, со шовинистичка реторика го глорифицираше сепаратизмот на Илирида, со што директно промовира национална и ЕТНИЧКА ОМРАЗА против македонскиот народ.
Рамадани потврди дека во општина Брвеница се обединети заедно со ДУИ во вториот круг против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, што ја демонстрира СЕРВИЛНОСТА на Мицкоски кон помалиот коалиционен партнер. Иако Мицкоски предводи влада со апсолутно мнозинство, иако целиот политички наратив со кој ја доби поддршката на народот беше дека неговата влада нема да “коленичи” – ДПМНЕ ги остави Тетово, Гостивар и Струга без свои кандидати за градоначалници.
Овие штетни наративи од политичари заглавени во минатото (како Рамадани) создаваат само ПОДЕЛБИ и нетрпеливост, додека населението масовно се иселува од Македонија поради растечката сиромаштија и корупција. И на сите овие анти-македонски изјави, кои го понижуваат достоинството на македонскиот народ, Мицкоски одбира да МОЛЧИ за да го сочува мирот во сопствената влада.
Левица јавно прашува: дали Мицкоски ќе биде само нем набљудувач пред изјавите на неговите коалициони партнери, кои директно шират омраза против македонскиот народ и глорифицираат СЕПАРАТИЗАМ против унитарниот каракатер на Републиката?! – стои во партиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Кандидатите на ВЛЕН шират шовинистичка реторика…
Скандалозните изјави на кандидатот за градоначалик на…
ВЛЕН и ДУИ отворено соработуваат во три…
*Објава на Фејсбук на пратеничката Јована Мојсоска…
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Касами иако…
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска во телевизиско…
Мециновиќ повика градоначалниците да бидат на готовс:…
Ова што го живееме со ѓубрето се…
Левица: Во мандат од четири години, ќе…
Во мандат од четири години, Левица ќе…