Левица: Наставниците и сега ни држат лекција – поддршка од партијата за штрајкот
Додека СДСМ беше во опозиција, тогашната пратеничка на СДСМ и доскорешна министерка за образование, Мила Царовска, тврдеше дека со опструкциите на правото на штрајк на просветните работници, се гази Уставот и правата на работниците, според Конвенцијата на Меѓународната организација за труд.
Ова сведочи за лицемерието, манипулациите и уцените и на сегашната власт на чело со СДСМ како и за лицемерието, манипулациите и уцените на денешната опозиција, тогашна власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Власта, во нејзиното познато владеење на хибриден режим, се закани со неисплаќање на плати, бидејќи наводно, така било предвидено со Законите за основно и средно образование, ЗРО и Колективниот договор.
Ваквото дрско и селективно читање на законите е сосема вообичаено за недемократската влада, затоа што наставниците ништо не бараат, туку токму тоа: почитување на Колективниот договор. Истиот тој, кој над деценија, се крши од грбот на воспитно-просветните работници!
На воспитувачите и на наставниците одамна им е јасно што се случува и како се поткопува образовниот систем, со цел дополнително класно раслојување и продлабочување на социјалниот јаз во ова до темел гнило општество, а веќе им станува јасно и на родителите. Никаде во светот не постои квалитетно образование без квалитетно вреднување на трудот.
Нашите деца заслужуваат многу повеќе и подобро од тоа што до денес го сервираат политичките кујни на безочните трговци кои во континуитет, со измами и манипулации ја узурпираат власта со единствена цел истата да биде инструмент за нивно богатење и за дополнително урнисување на работничката класа.
Образованието е мостот по кој работникот мора да помине за да се издигне во социјалниот дијалог како рамноправен соговорник. Затоа го поткопуваат, го минираат и уриваат.
Левица ги поддржува просветарите во нивната борба. Издржете, Вие и сега држите час!
Политичка партија Левица
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…