Левица: На Преспа ѝ се заканува еколошка катастрофа

t

Преспанското Езеро се соочува со драматично опаѓање на нивото на водата, загрозување на биодиверзитетот и сериозни знаци на еколошки колапс, предупредува општинската организација на Левица од Ресен. Од политичката партија Левица алармираат дека надлежните институции, вклучително и локалната власт и ресорното министерство, не преземаат никакви конкретни чекори за спречување на кризата.

Оваа порака Левица – Ресен ја објави денеска на својот официјален профил на Facebook.

Левица – Ресен најостро предупредува на тивката, но опасна еколошка катастрофа што се случува со Преспанското Езеро. Нивото на езерото драматично опаѓа, животинскиот и растителниот свет се доведени до истребување, а институциите – молчат.

Ги прашуваме: – Што презема градоначалникот Тозиевски во својот четиригодишен мандат? – Каде е пратеникот Божиновски – или езерото беше важно само во предизборие? – Како реагира Министерството за животна средина? Апсолутно нефункционално – неми сведоци на колапсот на едно од најзначајните природни богатства во земјата.

Ова не е време за ПР објави и евтини флоскули. Ова е време за итна акција, научно засновани решенија и борба за спас на езерото, кое е природен бисер од светско значење. Да ве потсетиме дека и Охридското езеро е пред еколошка катастрофа, ако не го сочуваме Преспанското.

Одговорноста е ваша. Но и гневот на народот ќе ве стигне кога Преспа ќе стане пуста рамнина. Левица нема да молчи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: На Преспа ѝ се заканува еколошка…

Преспанското Езеро се соочува со драматично опаѓање…

ОЈО Куманово постапува за случајот со скандирање…

Основното јавно обвинителство Куманово постапува и до…

За три месеци 2000 сообраќајќи во Македонија!

Од мај до крајот на јули годинава…

Внимавајте ни доаѓа големо невреме!

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна…

Русите до Трамп: Имаме повеќе нуклеарни подморници…

По изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп…