Левица: Нема учебници по заслуга на министерот Шаќири од ДУИ
Нема учебници за учениците по заслуга на министерот Шаќири, реагираат на Фејсбук од политичката партија Левица.
Во продолжение нивната објава на Фејсбук:
– НЕМА УЧЕБНИЦИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ПО ЗАСЛУГА НА МИНИСТЕРОТ ШАЌИРИ ОД ДУИ‼️
На учениците од основните и средните училишта не им се овозможуваат услови за школување, поради неспособноста на Владата.
Знаеме дека нема учебници за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение. Тие одделенија учат по фамозната Концепција за реформи на образованието на Царовска, притоа, не од електронски учебници, како што таа најавуваше, туку од скрипти – ако што Левица укажа дека ќе се случи. Но, што е со учебниците за другите одделенија и класовите во средните училишта?
Голем број ученици од предметна настава во основните училишта добиваат стари, парталави и неупотребливи учебници, особено по наставниот предмет Историја. За странските јазици од прво до деветто одделение учебници нема веќе три години, иако има нови наставни програми, а конкурсот за избор на нови учебници е целосно завршен што значи дека рецензентските комисии избрале соодветни учебници.
Во средните училишта, особено во стручните средни училишта, состојбата е уште полоша. За голем број од стручните предмети нема никаков учебник. Дури и кога има учебници, истите не се ускладени со наставните програми. На пример, во учебникот по Македонски јазик и литература за втора година стручно образование не се опфатени ни 30% од содржините предвидени со програмата.
Дали ваквите состојби се должат на намерни опструкции и обид за целосно уништување на образовниот систем во Македонија или пак на неспособноста на Јетон Шаќири соодветно да го менаџира ресорот што му е поделен е помалку важно. Она што е суштински е фактот дека на учениците во Македонија им е оневозможено соодветно и квалитетно образование, велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…
Во попладневните часови поради дефект на далекувод…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…