Левица од Атина: Грција и Бугарија мораат да го прифатат постоењето на македонската нација како факт

t

Грција и Бугарија мора да ја признаат самобитноста на македонската нација, порачаа од политичката партија Левица од Атина.

– Изминатиот викенд во Атина се одржа уште една Меѓународна анти-империјалистичка конференција во организација на Светската анти-империјалистичка платформа на која учествуваше Левица претставена од делегатот Сашко Јанчев.

Учесници во атинската конференција беа повеќе левичарски организации од Грција, како и левичарски организации од земјите од регионот, Велика Британија и Кореја. Претставниците дискутираа за заканите од империјализмот во контекст на новите тектонски поместувања на геополитичките плочи, очигледното развивање на нов мултиполарен свет и економските концепти кои се развиваат во ова доцно неолиберално општество.

На конференцијата во Атина – Левица посочи дека за да се случи обединување во анти-империјалистичката борба, првенствено, Грција и Бугарија мораат да го прифатат постоењето на македонската нација како факт, а потоа балканските земји да разберат дека великодржавните и завојувачки идеи никогаш не донеле ништо добро на Балканот.

Според Левица, само така може да се излезе од магичниот круг на конфликти и национална нетрпеливост на Балканот што е основ за понатамошна заедничка борба против империјализмот, како највисок стадиум на капитализам.

По конференцијата, Левица одржа повеќе билатерални и мултилатерални средби со левичарски организации од Грција, Бугарија и Кореја, како и неформални средби со претставниците од Велика Британија на кои се разговараше за понатамошна соработка, велат од Левица.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…