Објавено на:

Левица од Македонска Каменица алармира: Здравствениот дом обложен со азбест – Закана по здравјето, институциите молчат

t

Локалниот огранок на политичката партија Левица од Македонска Каменица остро реагираше на, како што велат, алармантната состојба со зградата на Здравствениот дом во центарот на градот, која сѐ уште е покриена со азбестни панели, материјал кој одамна е забранет во многу земји поради неговата канцерогена природа.

„Здравствениот дом покриен со азбестни панели е еден од објектите кои се високо ризични за здравјето на граѓаните,“ стои во нивната објава, во која директно се обвинуваат долгогодишните власти од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за состојбата.

„Во современиот свет овие панели се отстранети одамна, но кај нас како времето да застанало,“ додава Левица.

Партијата предупредува дека азбестот, иако стабилен во мирна состојба, станува исклучително опасен при оштетување, ронење или стругање, кога се ослободува азбестна прашина.

„Доколку вдишеме азбестни влакна, тие се залепуваат за нашите бели дробови и можат да предизвикаат азбестоза или рак на белите дробови,“ пишуваат од партијата, предупредувајќи дека постојаното присуство на овие панели во центарот на градот го загрозува не само населението, туку и медицинскиот персонал кој работи во објектот.

Левица прашува дали некој ќе сноси одговорност за игнорирањето на јавната безбедност и намерното оставање на азбестот во функционален објект во срцето на градот:

„Дали треба да има одговорност од општинските власти за намерно оставање на азбестот во центарот на градот, каде се загрозува здравјето на граѓаните и на медицинскиот персонал, или ќе остане неприметно?“

Партијата укажува дека и покрај постоењето на законски регулативи за отстранување на азбестот, „градоначалниците се семоќни и никој ништо не им може.“

Од партијата бараат итна санација и замена на опасниот материјал, како и транспарентност од институциите.

Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица од Македонска Каменица алармира: Здравствениот дом…

Локалниот огранок на политичката партија Левица од…

Цените и на храната и пијалоците во…

Цените во Охрид уриваат рекорди. И на…

Толку беше од линеарното покачување, од септември…

Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовка појасни…

(ВИДЕО) Јакимовски: Конечно по 10 години, ќе…

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски од…

Вучиќ очекува инциденти на денешните протести во…

„Според нашата проценка, се очекува насилството да…