Левица: Општина Аеродом избира молк и неактивност околу „Зимзоленд“, со што директно се доведува во прашање безбедноста на децата

t

„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти“, велат од партијата Левица.

Според партијата, фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна.

„Наместо итна интервенција и постапување согласно законските обврски, општината избира молк и неактивност, со што директно се доведува во прашање безбедноста на граѓаните, особено на децата.

Законот мора да важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии. Секое одложување на постапката претставува преземање на ризик и префрлање на одговорноста, која во случај на несреќа нема да може да се избегне.

Бараме итна интервенција од надлежните служби и затворање на објектот сè додека не се обезбедат сите потребни дозволи и безбедносни услови. Молкот на општината во вакви случаи ја прави истата соучесник во криминалот“, се додава во соопштението на партијата Левица.

Новогодишниот базар „Зимозоленд“ стациониран во населбата Лисиче продолжува со работа за време на новогодишните празници.

Од организаторите велат дека ги имаат сите потребни дозволи и договори што гарантираат безбедност на сите посетители и дека во меѓувреме направени се неколку контроли од надлежните институции.

Според договоорт, „Зимзоленд“ ќе биде во функција до петти јануари 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Општина Аеродом избира молк и неактивност…

„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските…

Скопската магла сè уште го блокира авиосообраќајот

Поради маглата која и денеска е присутна…

Левица: Единствената кризна состојба во ЕСМ е…

Катастрофалното менаџирање со најважното енергетско претпријатие, за…

Обвинение за пратеникот од Левица, Сашко Јанчев,…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Левица: Независна истрага за смртта на новороденчето…

Левица бара обвинителството да отвори истрага за…