Левица открива детали: Пукањето кај плоштадот “Скендербег” го организирале службите за безбедност по директива на СДСМ и ДУИ?

t

Левица објави нови информации во врска со инцидентот кај плоштадот Скендербег за кои од Левица велат дека ги добиле од свиркач од МВР:

– Според свиркач од МВР, Левица дознава дека инцидентот кај плоштадот Скендербег, го организирале структури на државните служби за безбедност, под директива на пробугарската власт на СДС и ДУИ.

Додека поворката на демонстранти се движела од мостот Гоце Делчев накај раскрсницата кај плоштадот Скендербег, провокатори на државните служби, во координација со ПС Бит Пазар и кадрите на ДУИ, во две групи се упатиле преку скалите од подвозникот кај поранешниот ресторан „Менада“ – една накај хотелот „Де Кока“, и друга на платформата на новоизградениот плоштад.

Првата група, го каменува првиот ред кафулиња во чаршијата гледајќи од плоштадот Скендербег, како и хотелот „Де Кока“ заедно со паркираните автомобили на паркингот. Втората, од платформата над подвозникот, ги гаѓа демонстрантите кои излегуваат од под подвозникот во поворка. Двете групи исчезнуваат од другата страна на мостот кај некогашната стоковна куќа “Илинден”, во координација со полицијата.

Проценката на структурите на ДУИ, чии кадри намерно го оставаат ова подрачје недоволно обезбедено, иако претставува критична точка за поворката, се состои во искористување на најслабата карика – провокација на реакција од двете страни – на демонстрантите и на групата околу сопственикот на хотелот кој е во асоцијација со Алијансата на Албанците.

Сопственикот на хотелот, кој на плоштадот излезе со пиштол пред демонстрантите, заедно со рутата на движење на поворката, службите подробно го оцениле како емотовно нерегулирана личност, која има историјат на посегнување по полу-автоматско оружје и репутација за носење на оружјето постојано со себе.

Според информациите од свиркачот, со сопственикот на хотелот дента се наоѓале луѓе блиски со ДУИ кои знаеле за оркестрацијата и придонеле до ескалација на ситуацијата. Овие лице сега ДУИ ќе ги штити. За време на разгорување на инцидентот, откако групите провокатори се евакуирани, над 5 минути критичната точка остана без полициска реакција – повеќе од доволно за постигнување на целта на сценаристите.

Нема никакви информации колку од трите лица кои пукаа со пиштол се приведени и им е изречена мерка притвор. Од друга страна, 11 лица се наоѓаат во притвор за нередите пред Собрание – и ниту едно од нив не е од лицата со качулки кои го исценираа инцидентот! Сведоци бевме и од употреба на прекумерна сила од страна на полицијата на лицата кои протестираа пред Собрание, додека во инцидентите кај Мавровка ниту едно лице не беше уапсено на лице место,

Криминогената коалиција на СДС и ДУИ, како и паралелната државна структура која ДУИ ја гради, е спремна да ги искористи сите методи за да остане на власт, вклучително и сценирање на инциденти кои можат да доведат до сериозни меѓуетнички тензии.

Ве повикуваме вечер уште помасовно, и покрај сите репресии на хибридниот режим, во 19 часот да излеземе пред Влада – се’ до падот на квинслишката пробугарска влада!, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…