Левица повикува утре на протест пред фабриката „Треска“
Ве повикуваме во вторник на 31-ви октомври на ПРОТЕСТ против испреплетените интереси на политичката, судската и урбанистичката мафија за криминално одземениот имот на работниците и обидот за целосна бетонизација на Центар и градот Скопје.
Со изградба на овие бетонски чудовишта ќе бидат населени 30 ИЛЈАДИ нови жители на ова мало место, со што се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на градот – за дополнително загадување на градскиот воздух и пренатрупување со население.
Инсистираме да се почитува препораката на Државната комисија за спречување на корупција за забрана за градење поради две тековни предистражни постапки.
Левица – Центар ги повикува сите зелени движења и иницијативи, како и граѓаните на Општина Центар и градот Скопје да се приклучат на протестот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…
Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…
Благодарение на силниот и истраен притисок од…