Објавено на:

Левица поднесе претставка против Муцунски и претседавачот со Советот на Аеродром, Дејан Митески

t

Започна првиот правен чекор во борбата за поништување на срамната одлука со шверцот на ДУП-ОТ во Лисиче, соопштија од политичката партија Левица.

– Денеска советникот од политичката партија Левица, Горан Костовски поднесе претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа за повреда на советничкото право за поднесување амандмани во Советот на општина Аеродром.

Имено претседателот на Советот на општина Аеродром, Дејан Митески на крајно дрзок и безобразен начин го прекрши членовите 159 и 161 од деловникот за работа на Совет на општината со одбивање на барањето на нашите советници за пауза на седницата со цел изготвување на амандмани на предлог одлуката за носење на ДУП во населбата Лисиче.

Со ова дрско прекршување на деловникот претседателот на Советот на општина Аеродром даде правен основ шверцерската одлука за носење на спорниот ДУП да се поништи уште на почеток од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Претседателот на Советот Дејан Митески знаејќи и самиот дека постапи незаконски и неделовнички со ускратување на правото на избраните советници да поднесуваат амандмани најверојатно наредил до службите да го скријат како приватно видеото на „Јутјуб” од седницата која одеше во живо за јавноста да не може да го посведочи неговото насилничко делување во Советот.

Следен правен чекор исто така ќе биде и поднесување на Кривична пријава до претседателот на Советот за несовесно работење во службата поради незаконско одземање на правото на советниците да поднесуваат амандмани по точките на дневен ред во Советот на општината. – велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…

Левица бара од министерот за здравство, Арбен…

Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла

Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…

Левица: Слободата на Груби е колективен договор…

Слободата на Груби е колективен договор на…

Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…

ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…