Левица: Протагонистите на бугарскиот нео-фашизам да се прогласат за непожелни во Македонија
Протагонистите на бугарскиот нео-фашизам да се прогласат за непожелни во Македонија, бараат од политичката партија Левица во официјално соопштение.
– Левица силно се спротивставува на бугарската национал-шовинистичка и иредентистичка пропаганда во Македонија, која како последица на сервилноста на владата предводена од ДУИ и СДСМ, засилено се шири и провоцирајќи предизвикува вознемиреност кај македонскиот народ.
Со цел заштита на достоинството на македонскиот народ и суверенитетот на Републиката, Левица бара со дипломатска нота да се прогласат за ПЕРСОНА НОН ГРАТА и да им се забрани влез во Република Македонија на следните непријатели на македонскиот народ:
1. Милен Врабевски – бугарски олигарх, пријател на Зоран Заев и финансиер на бугарските клубови именувани по фашистички дејци чие отварање предизвика бројни инциденти и омаловажување како и негирање на македонскиот народ и држава, човек кој изјави дека на Македонците им се “испрани мозоците“;
2. Kостадин Костадинов – пратеник во Народното собранието на Република Бугарија и претседател на нео-фашистичката партија „Възраждане“ (на македонски: Преродба);
3. Ангел Џамбаски, европратеник и бугарски националист и неофашист кој изјави дека „Македонците се Бугари“ , Македонија е бугарска“ и „еден народ во две држави“, потври дека фашистичките и завојувачќи идеи во Бугарија се’ уште се живи;
4. Андреј Ковачев, европратеник и негатор на македонската историја и национална посебност кој изјави дека Македонија ја фалсификува историјата и македонскиот идентит лежи на бугарската историја;
5. Красимир Каракачанов, поранешен претседател на бугарска ултранационалистичка политичка партија ВМРО, кој во секоја своја изјава ги негира Македонија, Македонците, македонскиот јазик и идентитет;
6. Виктор Стојанов, oд фондација „Македонија“ која практично оперативно го спроведува отварањето на фашистичките клубови низ Македонија, а кои се користат за агресивна анти-македонска пропаганда и се обидува да направи асимилација на Македонците во соседна Албанија.
Левица и понатаму ќе надстојува да се прогласи за персона нон грата секој оној кој што ќе се обиде на било кој начин да го омаловажи македонскиот народ, неговата културно-историска засебност, јавно пропагирајќи врховистички ставови и искажувајќи негаторски и иредентистички изјави кон македонскиот народ и држава кои значат загрозување на територијалниот интегритет и националниот суверенитет на Република Македонија. – велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…
Левица и Апасиев му честитаа победа на…
Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…
Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…
По информацијата за само 2 583 студентски…