Левица: Психијатриската болница Демир Хисат во хорор состојба – За директорот од ЗНАМ условите се добри

t

Психијатриската болница во Демир Хисар со години се наоѓа во очајна состојба, каде најранливи пациенти се третираат во нечовечки услови, под секое човечко достоинство! Поставувањето на партиски кадри за задоволување на коалиционите договори на партијата на власт резултира до тоа секоја година ситуацијата да е се полоша, реагираат од Левица.

– Иако преку фотографии вработени во болницата алармираа за страшната состојба, за директорот од ЗНАМ – ЖАН ЛОЗАНОВСКИ, условите биле подобрени. Но, информациите кои пристигнаа до Левица укажуваат дека откако кадар на ЗНАМ ја презеде болницата, состојбата продолжила да се влошува!

Имено, чистачите кои работат со години со договори на определено време, секоја година се во неизвесност дали ќе им се продолжи договорот. Токму оваа година, за прв пат вработените добиле плата со доцнење од еден месец. За ужасното менаџирање со болницата, вработените информираат дека откако е поставен новиот директор, ниту една машина за перење не е во функционална состојба и вработените се принудени да позајмуваат алишта од Црвен крст!

Несовесноста и неспособноста на директорот Лозановски оди до таму да тој во изјава за медиумите, вели дека се потребни донации за функционирање на болницата?! Додека неговата влада троши милионски суми за набавка на егзотични овошја, власта не одделува средства за јавното здравство и дозволува пациенти да се третираат во крајно нехумани услови.

Додека за министерот Таравари приоритет се патувањата во САД – наместо санирање на јавното здравство – партиските кадри на ЗНАМ единствено се борат за директорски функции, додека ја замајуваат јавноста дека се некаков коректор на власта. На народот веќе му е јасно дека секоја влада е се полоша од претходната, а за нивната неспособност сведочи хоророт во државните болници, што резултира и со изгубени човечки животи. – соопштија од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…

Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…

Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…

Благодарение на силниот и истраен притисок од…