Левица: Солидарност со палестинскиот народ кој има право на своја држава

t

Политичката партија Левица даде поддршка за палестинскиот народ по ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Палестина пред три дена.

– Премолчувањето на бројните воени злосторства, репресии, окупација на палестински територии, во период подолг од педесетина години, резултира со ново разгорување на конфликтот, кој практично никогаш и не бил прекинат. Воено послабата палестинска страна, по бројните репресии и напади на верски објекти и семејни имоти, влезе во нова борба против израелските окупациска сила, која како и секоја претходна ќе заврши со огромен број на невини жртви, убиени жени и деца – сето тоа пред очите на јавноста.

ООН константно ја покажува својата немоќ да се справи со кршењето на основните човекови права на Палестинците и воените злосторства сторени од страна на Апартхејдот Израел. Колективниот Запад постојано наоѓа оправдувања за секое израелско воено злосторство додека борбата за преживување на уништуваниот народ ја оценува како терористички чин. САД, во рамки на ООН и Советот за безбедност, го бојкотираа секое понудено решение кое има за цел прекин на конфликтот, додека истовремено го вооружува Израел и помага во секоја негова „операција“ против Палестинците.

Реакцијата на Палестинците е резултат на проблемот кој меѓународните институции со децении не го решаваат! Империјалистичките политики и репресии врз помалите народи уште еднаш покажаа дека не можат да донесат добро никому. Цивилното население, немоќните, огромен број на жени и деца ќе бидат најголеми жртви на воените операции на Израел, помогнати од оружје и војска на САД.

Палестинскиот народ има право на своја држава!
Палестинскиот народ заслужува слободно да живее!
Левица апелира на мир од двете страни, и изразува Солидарност со палестискиот народ, кој е жртва на израелските окупациски сили и премолчување пред неправдата од светската јавност и меѓународните институции. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…