Левица: Шаќири незаконски го зголемува бројот на албански паралелки во велешката гимназија

Шаќири незаконски го зголемува бројот на албански паралелки во велешката гимназија, реагираат од локалниот огранок на Левица во Велес.
– На денешната седница на Советот на Општина Велес, на дневен ред е ставено скандалозно Предлог–решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици за учебната 2023/2024 година на СОУ Гимназија „Кочо Рацин ” – Велес.
Ова предлог решение е иницирано од министерот ШАЌИРИ, кој испрати известување до велешката гимназија да се примаат ученици со ПОМАЛ БРОЈ НА ОСВОЕНИ БОДОВИ од законскиот минимум.
Се работи за уште НЕЗАКОНСКА наредба на министерот Шаќири, со која се кршат конкурсните услови, според кои што е извршен прием на останатите гимназијалци ширум државата. Оваа предлог-одлука предвидува да се примаат ученици со освоени поени под потребниот минимум од 60 поени!
Не е првпат МОН да се обидува да ги заобиколи законските одредби. Очигледно дека „кадарот“ од универзитетот на Мерко не е способен да разбере дека министерското столче не го става над законот. Јасно е дека се работи за самоволие на министерот Шаќири, кој преку рушење на критериумите и деградирање на образовниот процес се обидува ВЕШТАЧКИ да креира нови албански паралелки.
Советничката група на Левица е ПРОТИВ ваквата скандалозна одлука на министерот и така ќе гласа на денешната седница на Совет! – велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…
Левица бара од министерот за здравство, Арбен…
Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла
Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…
Левица: Слободата на Груби е колективен договор…
Слободата на Груби е колективен договор на…
Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…
ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…