Левица: Јаболкарите се повторно изманипулирани!
И покрај бројните ветувања од надлежните институции, производителите на јаболка, особено во Преспанскиот регион, и понатаму се оставени без целосната исплата на заслужени те субвенции за 2024 година, велат од Левица Ресен.
– Додека министерот и премиерот сами си аплаудираат на своите прес конференции, на терен помеѓу производителите состојбата е поинаква.
Тие се соочуваат со постојани блокади, неизвесност и институционална тишина, додека секојдневно ги очекуваат оние 2 денари за реколта 2023/2024.
За сезоната 2023/2024, имаше мерка, субвенционирање од 2 денари по килограм за предадени јаболка кај регистриран откупувач, која за жал не ја опфати цела сезона, туку до 15 јануари 2024.
Производителите ги чекаат своите пари повеќе од една година, тоа не се совпаѓа со најавите и фалбите на министерот дека сите субвенции ги исплаќале на време, субвенциите треба да се исплаќаат навремено и многу побрзо од досега!
Јаболкото не расте само со вода и сонце – зад секој плод стои напорна работа, вложени средства, кредити и надеж дека државата ќе застане зад оној што создава. Наместо поддршка, овоштарите добиваат молк и одлагања. Наместо сигурност, се соочуваат со системска неправда.
Со овој однос, се убива и последната волја кај младите да останат и да работат во земјоделството. Ако државата не може навремено да ги исплати субвенциите за јаболката – симболот на Преспа – тогаш каква порака испраќа до оние кои се трудат да произведат квалитетна и конкурентна храна?
Бараме итна, транспарентна и целосна исплата на субвенциите за јаболка.
Бараме одговорност за доцнењата и јасен календар за исплати.
Бараме институциите да покажат барем толку посветеност колку што ние покажуваме во секоја жртва
Се зборови на јаболко производители.
ЛЕВИЦА како партија секогаш ќе го слуша нивниот глас. – велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Јаболкарите се повторно изманипулирани!
И покрај бројните ветувања од надлежните институции,…
Владата ја продава иднината под превезот на…
Најавата од министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска,…
Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…
Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…
Марко Колев го остави Велес без еколошка…
Марко Колев го остави Велес без еколошка…
Левица: МВР не демантира дека тендерот за…
МВР не демантира дека тендерот за партиски…