Левица ќе оди на лидерската средба организирана од Мицкоски
Пратеникот Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција информираше дека Левица ќе присуствува на најавената лидерската средба од страна на премиерот Христијан Мицкоски.
„Како парламентарна партија која година ипол се обидува да воспостави комуникација со парламентарното мнозинство преку предлагање на закони, преку консензус за некои државни прашања, сметаме дека сега е времето да влеземе во конструктивен дијалог. За нас е најбитно да се создаде демократска атмосфера за време на изборите и нашите барања ќе одат во таа насока“, истакна Мециновиќ.
Мицкоски реши да закаже меѓупартиска лидерска средба на која би се разговарало за укинувањето на таканаречената „Пржинска влада“ воведена пред десет години, но и за другите прашања.
„Ве информираме дека поканата за лидерска средба е во процес на испраќање и ќе биде доставена до сите политички партии кои имаат парламентарна група во Собранието“, претходно објави владината служба за односи со јавноста.
Премиерот Мицкоски минатата седмица изјави дека планира средбата да се оддржи на 14-ти јануари во Клубот на пратениците.
Одлуката на премиерот доаѓа и покрај ставот на најголемата опозициска партија СДСМ да не учествува на таквата средба. Лидерот на социјалдемократите Венко Филипче завчера изјави дека „средба со криминалци нема да има“, се потсетува во текстот.
Од ДУИ соопштија дека откако официјално ќе ја добијат поканата ќе го кажат својот став за присуството на средбата. Левица претходно соопшти дека се залага за укинување на техничката влада, но нејзиното укинување би било прифатливо само доколку е проследено со вистински, а не декларативни демократски реформи и воведување на една изборна единица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица ќе оди на лидерската средба организирана…
Пратеникот Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција информираше…
Левица предлага укинување на Регулаторната комисија за…
Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ,…
Левица: Остануваме единствена партија чии пратеници не…
Остануваме единствена партија чии пратеници не земале…
Левица е за укинување на техничката Влада,…
Левица е за укинување на т.н. Пржинска…
Левица: Комисии за боледување наместо лекување, административна…
Со тешки изгореници, незараснати рани и длабоки…