Левица: 34 години независност – Македонија сѐ уште се бори за своите национални интереси
По повод одбележувањето 34 години независност, делегација на Левица, составена од кандидатите за градоначалници на скопските општини – Марјан Димитриев (Аеродром), Александар Димитријевиќ (Ѓорче Петров) и Златко Тренчевски (Гази Баба) положи свежо цвеќе и се поклони на гробовите на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, првиот премиер, Никола Кљусев и на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски. – стои во објавата на партијата Левица.
Референдумот за независност на Македонија се одржа на 8-ми септември 1991 година. На Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани, односно 95,26% од оние кои гласале биле ЗА суверена и независна држава Македонија.
И овој 8 Септември потсетуваме дека уставното име на државата е Република Македонија! Потсетуваме дека референдумот од 30 септември 2018 за промена на уставното име беше неуспешен. Оттаму, Преспанскиот договор склучен од тогашната квислиншка власт и без потпис од претседателот – е НИШТОВЕН!!
Левица останува доследна на правото за самоопределување на народот и не ги признава империјалистички наметнатите договори спротивни на Повелбата на ООН, договори што го поткопаа суверенитетот на државата и го нарушија угледот на Македонците. Наместо вистинска независност, последниве 34 години добивме зависност од ЕУ и НАТО во спротивност на нашите национални интереси. – додаваат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: 34 години независност – Македонија сѐ…
По повод одбележувањето 34 години независност, делегација…
Мециновиќ предупредува: Има план за приватизација на…
Има план за приватизација на јавното комунално…
СКАНДАЛ! Учениците во „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром…
Учениците во „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром учат…
Левица ги објави кандидатите за градоначалници во…
Денес Левица го најави вториот бран кандидати…
Левица: Анти-работничката власт, предводена од Мицкоски ги…
Анти-работничката власт, предводена од Мицкоски, деновиве во…