Легендата вели дека Мицкоски уште анализира: Годишна инфлација од 4,8%, цените на мало за еден месец скокнале за 3,1%, втора највисока месечна инфлација во 2025-та година
Државната статистика ја објави информацијата за измерена инфлација во месец јули 2025-та година под наслов „Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, изнесува 1.1 %.“
Со 1,1% месечна инфлација, јули е на второ место (по мај 2025.) по висина на инфлација во тековната година. Годишната инфлација пак е на ниво од 4,8%. Најмногу раст на годишната инфлација предизвикал растот на цените на прехранбените производи и безалкохолни пијалоци (6,8%) и трошоците за рекреација и култура (годишен раст од 6,6%)
Повисоката инфлација во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 9.9 %, Рекреација и култура за 2.1 %, Ресторани и хотели за 1.2 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.7 %, Здравје, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 % и Облека и обувки, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.
Во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Разновидни стоки и услуги и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, изнесува 103.1 што значи дека цените на мало скокнале за 3,1% за еден месец.
Индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи зголемување од 4.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.3 %.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Легендата вели дека Мицкоски уште анализира: Годишна…
Државната статистика ја објави информацијата за измерена…
„Протече“ американскиот предлог за Путин: Дали Москва…
Според Onet, овој предлог би ги исполнил…
„НЕКА НЕ ВЕ ЛАЖАТ, ЌЕ НЕМА НОВИ…
Мо Гавдат, поранешен главен бизнис директор во…
Половина од мандатот во посета на болни…
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави фотографија со…
Жена од Македонска Каменица „се почастила“ 52.000…
Полицијата ја сомничи 41-годишната жена дека со…