Легнете си на брашното: Нема подобар предлог на располагање, вели Брин!
Демонстриравте дека сте посветени на тешкиот реформски процес што е во тек. Сакаме преговорите и пристапувањето да се случат што е можно побргу. Во моментов сте соочени со навистина важна одлука и јас лично сум многу возбуден од можноста Македонија да стане членка на Европската Унија, изјави министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен.
Јас доаѓам од земја од којашто не ни беше дозволено да зборуваме на ирски јазик долги години и со членството во ЕУ, нашиот јазик доби навистина еден извонреден статус. Сигурен сум дека тоа ќе биде случајот и со македонскиот јазик. Тоа што сакам да кажам е дека нашиот идентитет како нација беше зајакнат со членството и ни даде храброст и сите тие знамиња што се во ЕУ претставуваат земји што се еднакви и тоа е она што ние го вреднуваме во Унијата, истакна Бирн.
Тој порача дека македонскиот јазик и идентитет се заштитени со предлогот, а ќе бидат и зајакнати со членството во Унијата.
Знаеме дека историските и билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка но и од наша ирска перспектива нашите билатерални прашања подобро се решаваат како дел од ЕУ. Постојат и уставни промени што нема да ги спречат почетокот на преговорите, меѓутоа ние како дел од нашиот договор кога станувавме членка моравме да направиме еден навистина тежок компромис, рече ирскиот министер за европски прашања.
Во однос на општествениот и економскиот напредок, тој посочи дека кога Ирска станала дел од европската заедница имале милион вработени, додека според податоците од минатата година, таа бројка денес е 2,5 милиони вработени. Бирн истакна дека претставува извонредна разлика и оти не постои сомнеж дека и Македонија ќе просперира и ќе успее како економски, така и општествено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Требаше да биде Пензионерска Македонија: Девет од…
Деведесет отсто од младите во земјава сакаат…
Македонија денеска ги мери силите со Саудиска…
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски…
Божиновски: На Бугарите и на нашата власт…
Советот на Благоевград усвои декларација со која…
Поранешната пратеничка Корубин: Во Македонија има трагично…
Во пресрет на отворањето на клубот во…
Костов: Грците уништуваат историски документи, Бугарите ги…
Македонците во Кукуш во времето на Делчев…