Лекарите загрижени, се влошила состојбата на Кралицата Елизабета: Чарлс и Вилијам одат да ја посетат

t

Кралицата Елизабета Втора под медицински надзор, а лекарите се загрижени велат од Бакингамската палата.

„По дополнителна проценка утрово, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор. Кралицата во Балморал“, се вели во соопштението на Палатата.

96-годишната кралица го одложи состанокот на Зум со тајниот совет во средата навечер, откако ѝ беше препорачано да одмори 24 часа.

Спикерот на Долниот дом, наводно, наскоро ќе даде изјава за нејзината здравствена состојба.

Принцот Чарлс и принцот Вилијам патуваат во Шкотска да ја посетат кралицата поради извештаите за нејзиното влошено здравје, пренесе Би-Би-Си.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ