Лекарите од Ургентно се спремни за Новата година – Зголемен број на дежурни екипи

t

Во пресрет на новогодишната ноќ, Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (Клиника за ТОАРИЛУЦ) информира дека е организирана со зголемен број дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита за граѓаните.

– Подготвени сме за обезбедување на неопходната здравствена услуга кај итни и неодложни пациенти, вклучувајќи и пациенти со евентуални несакани последици при прославата на новогодишната ноќ. На сите граѓани им посакуваме среќни новогодишни празници и мирно и достоинствено прославување на новогодишната ноќ, како и умерено консумирање храна и алхохолни пијалаци – информираат од Клиниката за ТОАРИЛУЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лекарите од Ургентно се спремни за Новата…

Во пресрет на новогодишната ноќ, Клиниката за…

Старец од 85 години нападнал вработен во…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.В.(85)…