Лекарот што го оперираше Ѓоковиќ: Тешко дека целосно ќе закрепне 100%
Учеството на Новак Ѓоковиќ на Вимблдон не изгледа реално, а тоа го потврдија и зборовите на Антоан Жеромете, лекарот кој го оперираше српскиот ас во Париз. Тој истакна дека Новак од ден на ден се повеќе ќе закрепнува, но дека за три недели нема да биде 100% закрепнат.
Новак Ѓоковиќ поради повреда на менискусот мораше да се повлече од Ролан Гарос, а подоцна беше опериран. Со оглед на тоа што од почетокот на годината примарна цел му е да се бори за златото на Олимписките игри кои почнуваат на 26 јули, оваа повреда дојде во најнезгодно време.
Веднаш по операцијата стана јасно дека Новак тешко дека ќе биде подготвен за Вимблдон кој започнува на први јули, а тоа сега за „Л’Екип“ го потврди и Антоан Геромета, лекарот кој го оперира српскиот ас.
„Во 45-те минути што ги поминавме со Новак, неговиот тим и Винсент Гијар, докторот на Француската тениска федерација, бев многу отворен дека се ќе зависи од реакцијата на неговото колено. Со постепено зголемување на оптоварувањето, ќе видиме дали останува „сув“ и без оток или болка. Ќе биде напредок од ден на ден, но не може да се предвиди во каква состојба ќе биде за една недела, две и така натаму. Но, да се биде на 100 проценти за три недели, навистина изгледа тешко да се постигне“, вели д-р Геромета.
Докторот е воодушевен од Новак, а особено од тоа што српскиот ас со скинат менискус го доби мечот против Франциско Серундоло, аргентински тенисер.
Новак е вистинска сила, затоа што со оглед на природата на повредата, тоа што го направи е извонредно“, вели тој. Дури 99 отсто од луѓето веројатно би завршиле веднаш во собата за итни случаи со „заклучено“ колено. Тоа е механичка блокада, а реалноста е дека само операција може да го поправи. Тоа ги доведува во прашање неправедните критики кон него и толкувањата на оние кои велат дека не е вистинска повреда“, вели д-р Геромета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…
СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…
Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…
Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…