Лекот што е забранет во Европа распродаден во нашите аптеки

t

Во аптеките веќе неколку денови го нема лекот Ефридол. Популарниот аналгетик меѓу граѓаните не може да се најде во ниту една аптека, а фармацевтите оттаму велат дека не знаат кога повторно ќе го имаат за продажба. 

Официјално од здравствените институции не кажуваат за што станува збор, дали е во прашање повлекување на лекот од продажба воопшто или пак се работи за моментален дефицит. 

Од компанијата која го увезува овој ОТЦ препарат “Кемофармација“ велат дека Ефридол за две до три недели ќе има во аптеките и дека не станува збор за целосно повлекување на лекот, туку за моментален недостиг од самиот производител.

Препаратот веќе подолго време е под будно око на Европската агенција за лекови (ЕМА), која уште пред 15 години ги потврди ризиците поврзани со неговата активна супстанца нимесулид. Уште тогаш ЕМА, по направената ревизија за безбедноста на црниот дроб од лековите кои содржат нимесулид, заклучи дека ризиците се огромни, но само го огранични траењето на лекувањето и нивното користење за да се обезбеди да ризикот од развој на проблеми со црниот дроб кај пациентите се сведе на минимум. Но, бројни европски земји веднаш реагираа и од пазарот ги повлекоа сите лекови кои ја содржат оваа активна супстанца. 

Ефридолот е препарат кој се продава како ОТЦ или за него не е потребен лекарски рецепт. Станува збор за нестероиден антиинфламаторен лек (NSAID)  со аналгетски својства за лекување на акутна болка и симптоми – болен остеартритис и  ментруална болка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев очекува дека САД, ЕУ и ММФ…

Украина очекува дека покрај воената помош, САД…

Лекот што е забранет во Европа распродаден…

Во аптеките веќе неколку денови го нема…

ЕУ го одобри лекот на Астра Зенека…

Астра Зенека денеска соопшти дека нејзиниот комбиниран…

ЕУ одобри употреба на лек за рак…

Лекот Енхерту (Enhertu) на британско-шведската фармацевтска компанија…

Во САД излекувана првата жена од СИДА

Американските научници соопштија дека со трансплантација на…