Објавено на:

Лени Кравиц по третпат се враќа во Македонија!

t

Музичката ѕвезда Лени Кравиц (59) доаѓа во Македонија и ќе одржи концерт во Охрид на 4-ти август на СРЦ Билјанини извори. Веста за гостувањето на американскиот рок музичар ја соопштија од Авалон, кои се организатори на настанот.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба во среда (17-ти април), и тоа по цени од 1.990 до 6.000 денари за ултра ВИП билетите.

Ова ќе биде трето гостување во земјава на популарниот музичар, кој својот прв концерт го одржа во Охрид во 2008 година на стадионот Билјанини извори. Тогашниот настан го проследија околу 12.000 луѓе и беше опишан како еден од најдобрите концерти кои се случиле кај нас.

Потоа, Кравиц гостуваше во Македонија во 2019 година. Тој во Арена Борис Трајковски во Скопје го промовираше 11-от студиски албум „Raise Vibration“, кој излезе во 2018 година. Тогаш одржа европска турнеја и единствени земји во регионот во кои настапи беа Македонија и Бугарија.

Пред концертот во Скопје, Кравиц објави видео снимено во Старата чаршија и на плоштадот, каде делеше автограми.

На последното гостуваше во Македонија, со него дојде тим од над 60 луѓе, десет камиони со опрема и шест автобуси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Изгаснат пожарот на дабова шума во липковско…

Изгаснат е пожарот на дабова шума во…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

Македонија има најбрз интернет во регионот

Македонија има најбрз интернет во регионот, а…