Летонска министерка поднесе оставка: Не успеала да забрани прослава на 9 мај
Летонската министерка за внатрешни работи Марија Голубева денеска поднесе оставка на функцијата под притисок на владејачката коалиција, која ја критикуваше полицијата дека не им забранила на луѓето што зборуваат руски јазик да го прослават Денот на победата во Втората светска војна, на 9 мај.
Летонската полиција употреби сила за да ги растера стотиците насобрани лица во главниот град Рига, а кои главно зборуваат руски јазик, поради непочитување на законот што недомана беше донесен а со кој се забрануваат собири пред споменикот со кој се велича советската победа, јавуваат британските медиуми.
Министерката Голубева денеска кажа дека веќе не ја ужива поддршката од премиерот, пред сѐ, откако коалицискиот партнер и се закани со барање оставка во знак на протест поради одлуката на полицијата да дозволи мирни собири на 9 мај, денот кога Русија го слави Денот на победата во Втората светска војна.
„Што тоа говори за издржливоста на Летонија, доколку незначителен собир од само неколку стотици луѓе, кои два часа стојат во место, може да ја размрда владата“, рече тогаш Голубева.
Премиерот Крисјанис Каринс, кој се уште не ја искоментира оставката на Голубева, претходно изјави дека на митинзите не се почитуваше државноста на Летонија и споменот на жртвите од рускиот напад на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Летонскиот претседател: НАТО треба да го блокира…
Летонскиот претседател Едгарс Ринкевиц побара од НАТО…
Захарова: Повикот на ОН за деескалација се…
Секретаријатот на ОН, изјавувајќи дека е неопходно…
Летонија го доби првиот геј-претседател
Долгогодишниот летонски министер за надворешни работи, Едгарс…
Захарова: Загрозена е безбедноста на Балканот
Русија ги осудува провокативните антисрпски акции на…