Летото е рај за крадците: Ова се советите од МВР како да се заштитите

t

Од полицијата информираат дека кражбата била направена на 25 јули во дом на улицата „Ловќенска“, која се наоѓа во населбата Козле. Крадците користеле подесен алат со кој насилно влегле во домот. Криминалната група, како што информираат од полицијата, била откриена по извршениот претрес на неколку локации на подрачјето на Чаир и Никиштани, при што биле пронајдени предмети поврзани со извршеното кривично дело. Покрај едното лице кое е уапсено,за останатите кои ја извршиле кражбата полицијата распишала расписи и по целосното документирање на сите докази по сите членови на криминалната група ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело тешка кражба.

Според многубројни истражувања, токму со летото и годишните одмори доаѓа и зголемување на бројот на кражби по куќите и становите.

Од МВР велат дека спроведуваат низа акции за сузбивање на ваквите криминални дејности, во кои се вклучени засилени полициски контроли и кампањи за превенција.

-Кога зборуваме во кражби по домови и автомобили домовите мора да се секогаш заклучени, прозорите затворени, ќе речете во лето мора да отворат, но доклку патувате некаде мора да бидат затворени да биде заклучена вратата. Исто така не можеме да ги оставаме автомобилите отклучени и да н е се оставаат вредни предмети во нив, кои се гледаат преку стаклата, – Тони Ангеловски – Портпарол на МВР.

Во првите шест месеци од годинава од полицијата велат дека е забележан пад на криминалитетот во земајва за 12.9 отсто за разлика од истиот период лани. Безбедносната состојба велта дека е стабилна низ цела Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…