Објавено на:

Летот на кинескиот претседател беше најследен во светот

t

Авионот на кинескиот претседател Си Џинпинг слета на меѓународниот аеродром Внуково во Москва, а самиот лет предизвика голем интерес.

Летот на Боинг 747-89Л го следеа во живо повеќе од 81.000 луѓе на веб-страницата „Флајтрадар 24“ (Flightradar24), што го направи најследен лет во светот, пренесе Блиц.

Си главно користи комерцијален Боинг 747-89 изнајмен од „Ер Чајна“ за патувања на долги релации.

Само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за негово апсење, рускиот претседател Владимир Путин го пречекува кинескиот лидер во Москва со цел да „игра конструктивна улога во промовирањето мировни преговори“ за војната во Украина.

Кинескиот претседател денеска ја започнува посетата на Русија, што е негова прва посета на странска земја откако по трет пат беше избран за претседател на Кина, а воедно и прва посета на Русија од почетокот на руско-украинскиот конфликт во февруари 2022 година.

Посетата ќе ги постави основите за развој на кинеско-руските односи во следните пет години и ќе го продлабочи меѓусебното разбирање меѓу Москва и Пекинг за важни меѓународни и регионални прашања, пренесува РИА Новости.

Волстрит журнал, повикувајќи се на свои извори, објави дека по посетата на Москва, Си Џинпинг би можел да одржи онлајн средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…