Лефков: Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев
Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев, рече денес на прес-конференција од партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Миле Лефков.
– СДС на Венко Филипче и Зоран Заев му даде државјанство на човекот на Путин, Александар Онишченко, и му овозможи да тера бизниси во Македонија.
Инаку, Онишченко бил член на проруската партија на тогашниот претседател Виктор Јанукович, своевремено и пратеник во Украина, и станува збор за човек кој е осуден на 15 години затворска казна поради перење на пари и корупција.
Кога Онишченко беше баран со меѓународна потерница од родната му Украина, кога сите држави не го примаа и не му даваа престој, нашата влада предводена од СДС го вдоми и му даде државјанство.
СДС на Филипче и Заев ја отворија вратата на рускиот бизнис и Путин, за преку Македонија да прават пари во Европа.
Филипче и Заев со ваквото доделување државјанства на руски олигарси и блиски луѓе до Владимир Путин, водеа антидржавна политика водена исклучиво од лични интереси.
Филипче и Заев ги дели само еден телефонски повик од Владимир Путин.
Тоа е таа руска игра во СДС. И кога слушаме Бела Чао, или Катјуша од Бихаќка знаеме дека некој им дошол на гости.
Игрите и комбинациите на СДС со Русија преку Македонија и институциите ја прекина ВМРО-ДПМНЕ и тoa повеќе нема да биде случај. – рече Лефков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…
Трамп побара од ЕУ да го притисне…
Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…