Лефков: Образованието не е шведска маса на политички поени, не смееме да градиме таков систем на нееднаквост

t

Пратеникот Миле Лефков во своето обраќање на собраниската комисија за образование и наука истакна дека со силната партизација во образованието која се случува сега, губат идните генерации.

Лефков апелираше до министерството образование и наука и пратениците од мнозинството, хипотеките од минатото и лошите решенија кои ги имала Мила Царовска да не се пренесуваат како хипотека на новиот министер.

– Да не правиме грешки како што беше грешка со законот за граѓанска одговорност, каде што закон потпишан од еден министер, доаѓа да биде предложен овде во Собрание кога имаме нов министер, па потоа имаме информации во јавноста од типот ,,извинете, не сме знаеле.”
Несериозно е од колегата Дарко Каевски да кжува дека во ваков предлог закон можеме да интервенираме со амандмани. Креатор на политиката во МОН и одговорноста ќе биде во министерот, а одгворноста е наша ако ние дозволуваме неквалитетни решенија заради партиски амбиции и поради тоа што сметаме дека ќе ловиме политички поени, па од овде споменувате плати на наставници итн. Платите на наставниците имавте прилика вчера да ги решите со тоа што ќе беше прифатен амандманот од опозицијата. – рече Лефков.

Тој додаде дека овој закон треба да се ревидира, да се слушне дел од забелешките на опозицијата кои биле испреплетени заедно со процедуралните забелешки бидејќи не може да се дозволи да помине закон во кој што во воведот пишува – правна и економска сигурност преку засновување на работен однос, а понатаму пишува овозможување на тие наставници професионален развој.

– Не смееме да ги разделуваме едните од другите наставници, не смееме да градиме таков систем на нееднаквост и нерамноправност, бидејќи образованието не е шведска маса на политички поени иако за жал го доведовте на тој начин. – заврши Лефков.

Има огромна разлика помеѓу Данела Арсовска и Димитар Ковачевски – Таче, затоа што пред три, четири месеци ја бираа 120.000 граѓани на Скопје, за Димитар Ковачевски никој не се произнесе освен тоа што Зоран Заев го препорача и сега тој ни е премиер, и оваа влада личи како на владата на Владо Бучковски во 2005 година привремена влада за која сите знаеме дека е неодржлива, ќе падне и нема да победи на избори, дециден е Ѓорчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно – Се воведуваат стручна матура и…

Владата, на денешната седница, утврди текст на…

Партијата ГРОМ бара докази дали пратеникот од…

Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка…

МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во…

Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на…

По барање на Левица, МОН ги одзеде…

Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните…

Ако јадете помалку бифтеци можеби ќе имате:…

Реално немаме пари за учебници по сите…