Лефков: Покачувањето на струјата за 10 проценти дополнително ќе ги разгори инфлаторните текови, состојбата е загpижувачка

t

Ние во моментот имаме три кризни состојби и треба да знаеме дека кризната состојба сама по себе е патологија, со која укажувате дека институциите и државата не се спремни да се изборат со таа криза, вели Миле Лефков пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.

Лефков вели дека е направен преседан со продолжување на кризната состојба бидејќи македонското законодавство не познава кризна состојба која трае шест месеци.

Ние имавме во собрание државен буџет за 2022 година во кој што собранието немаше увид каде ќе се трошат средствата, а во исто време се донесе одлука за кризна состојба која што е невиден преседан бидејќи се продолжи за шест месеци, а нашето законодавство не познава кризна состојба која трае шест месеци, рече тој.

Лефков ја искоментира и изјавата на претседателот на Регулаторната комисија за покачување на цената на струјата, укажувајќи дека е загрижен со она со кое што ќе се соочат граѓаните од први јануари следнава година, како и дека во Буџетот за 2022 година не се предвидени средства за енергетската криза.

-Ако зборуваме за цената на струјата, рекоа дека за 10 проценти ќе има покачување но ако внимателно ја проследите изјавата на Беслимовски кој го коментираше укинувањето на евтината дневна тарифа за која рече дека според пресметките, значи зборуваме за релевантни пресметки, доколку не се укинеше дневната евтина тарифа поскапувањето требаше да изнесува 14,85 проценти, што практично значи дека за секој наш граѓанин зголемувањето на цената комбинирано од зголемувањето од 10 проценти и укинувањето на евтината тарифа ќе изнесува 15 проценти. Дополнително ова се случува во моменти кога во државата имаме разгорена инфлација и дополнително ќе ги разгори инфлаторните текови, а во буџетот кој што се донесе за 2022 година немаме никакви мерки за справување со енергетската криза, меѓутоа немаме ниту анти инфлаторни мерки. Бог да и е напомош на Македонија и на граѓаните со она кое што се соочат од први јануари, истакна Лефков.

Апсолутно сум загрижен за состојбата. Ситуацијата е целосно урнисана, намалено е производството на електрична енергија и потрошени се огромни суми на државни пари и до денес ако погледнете од моментот на прогласување на кризна состојба ќе видите дека секој ден ја чини Македонија повеќе од 1 милион евра, нагласи Лефков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…

Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…

Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…