Ле Пен: Да му се дозволи на Израел да го искорени Хамас!

t

Шефот на парламентарната група на француската десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен денеска изјави дека на Израел мора да му се дозволи да го искорени Хамас и да му се дозволи на палестинското население да го евакуира Појасот Газа.

„Мора да му се дозволи на Израел да го искорени Хамас. Мислам дека за ова, можеби, треба да обезбедиме заштита на дел од палестинското население“, рече таа во интервју за програмата Европа 1, пренесена од ТВ БФМ.

Таа изјави дека меѓународната заедница треба да побара од Египет да отвори азил, за да може палестинското население да биде евакуирано од Појасот Газа.

„Дел од палестинското население веројатно го поддржува Хамас. Но, другиот дел се заложници за нив“, изјави францускиот политичар.

Таа претходно во францускиот парламент ја потврди својата поддршка за „настраданиот израелски народ“.

„Овој 7 октомври бевме сведоци на она што мислевме дека никогаш повеќе нема да го видиме: погром во самата земја Израел“. Овде ја потврдувам нашата поддршка за напатениот израелски народ, за погодените семејства и за сите оние кои ги трпат последиците од овие злосторства“, рече Ле Пен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Нетанјаху се обрати: Граѓани на Израел, претстојат…

Израел ќе одговори со сила на секој…