Објавено на:

Ле Пен пред вториот круг од француските претседателски избори: Победата никогаш не била поблиска

t

Победата никогаш не била поблиска, рече екстремно десничарската кандидатка за француски претседател Марин Ле Пен на денешниот изборен митинг додека ентузијастичката толпа која извикуваше „Ние ќе победиме!“, пишува Ројтерс.

Само 10 дена пред вториот круг од изборите кои ќе одредат кој ќе ја води втората по големина економија во Европската унија во следните пет години, анкетите покажуваат дека центристичкиот претседател Емануел Макрон е во тесна предност во однос на Ле Пен.

Но, натпреварот е толку тесен што потенцијално би можел да оди во било која насока.

„Мои пријатели, да не се сомневаме во победата. Никогаш не било толку блиску. Тоа ќе биде победа на Франција, победа на сите Французи“, рече Ле Пен.

Со децении во Франција, „Републиканскиот фронт“ на гласачи од сите слоеви кои се собираа зад мејнстрим кандидатот помогна екстремната десница да остане надвор од власт.

Но, Макрон, со својот стил и политика скршна надесно, што вознемири многу гласачи, па затоа веќе не може автоматски да смета левичарските гласови, иако ја притисна таа точка, предупредувајќи на „авторитарната“ стратегија на Ле Пен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова драма во Франција: Евакуирана железничка станица

Железничката станица Сен-Шарл во Марсеј беше евакуирана…

Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички…

Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални…

Левичарите во Франција го обвинија Макрон за…

Победниците на изборите од француската левичарска коалиција…

Пад на еврото по изборите во Франција

Еврото падна по вториот круг од парламентарните…

Пет можни сценарија по изборите во Франција…

Откако левиот блок освои најмногу мандати во…