Либерализмот е нова инквизиција: Захарова удри по “прогресивните” ЛГБТ активности на САД и ЕУ – Ние штитиме вредности!
Потрпаролката на руското МНР, Марија Захарова, на нејзиниот Телеграм канал ја коментираше загриженоста на САД и ЕУ за образованието на девојчињата во Авганистан. Во нејзиниот коментар Захарова се осврна на “прогресивните”, либерални трендови во образованието во ЕУ и САД, притоа споменувајќи ги ЛГБТ лицата.
“САД и ЕУ се многу загрижени за тоа како девојчињата во Авганистан одат на училиште. Ова е тема на која посветуваат посебно внимание.
Никој во САД и ЕУ не се грижи за тоа како децата се ментално деформирани во нивните земји. Но, дури и да им е грижа, не можат ништо да кажат, бидејќи „културата на откажување“ во рацете на либерализмот е нова инквизиција.
И таму се случуваат толку неописливи работи што не може да се цитираат освен во наводници.
„Дизни откри дека „суштинскиот проблем“ е премалку ЛГБТ ликови во детската содржина. До крајот на годината беше одлучено нивното учество да се зголеми на 50%. Зголемувањето на бројот на „инклузивни“ ликови го најави претставникот на корпорацијата, Кери Бурк, кој е одговорен за политиката за содржина, за време на генералниот состанок. Едното од нејзините деца е трансродово, другото е пансексуалец. За возврат, Вивијан Вер, раководител на одделот за различност и инклузија на компанијата, додаде дека посетителите на тематскиот парк повеќе не се третираат како „момчиња и девојчиња“. Сега тие се „сонувачи и пријатели“
Станува збор за вредностите што ги штитиме.” – напиша Захарова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…