Либералниот институт Скопје со герила акција покажа како корупцијата ни го „јаде“ буџетот

Либералниот институт Скопје вчера реализираше герила акција во градскиот парк во Скопје, со која симболично беше прикажано како корупцијата ги одлева парите на граѓаните во приватни џебови.
На акцијата граѓаните имаа можност да „купуваат“ производи на кои недостасуваше една четвртина, визуелно демонстрирајќи го делот што корупцијата го „одзема“ од јавните средства. На овој начин, Либералниот институт сакаше да укаже дека токму корупцијата ги намалува средствата за образование, здравство, наука, култура, социјала и екологија.
„Целта на оваа акција беше на сликовит и разбирлив начин да ги потсетиме граѓаните дека дел од нивните пари, уште пред да стигнат до јавните услуги, исчезнуваат поради корупцијата и недомаќинското работење“, изјави Елена Котевска, претседателка на Либералниот институт Скопје.
Котевска нагласи дека ваквите активности се важни за подигање на јавната свест и мобилизација на граѓаните за борба против корупцијата, со цел јавните пари да се вложуваат таму каде што најмногу се потребни.
Акцијата привлече внимание и позитивни реакции од присутните граѓани кои учествуваа во симболичното „купување“, препознавајќи ја сериозноста на проблемот со корупцијата во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Либералниот институт Скопје со герила акција покажа…
Либералниот институт Скопје вчера реализираше герила акција…
(Видео+Документи) Дали има нов скандал во министерството…
Потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски, денеска на…
(Видео) Фатен жив… Бране од опозиција бараше…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски влезе во…
Марин Ле Пен прогласена за виновна за…
Марин Ле Пен, лидерката на француската екстремна…
Гостиварец летал со 173 километри на час…
Полицијата вчера во 14:55 часот на автопатот…